logo
logo
logo

Празник на виното и на љубовта

Vecer | 14.02.2025

Празник на виното и на љубовта

Традиционално, на овој ден се врши обредно закројување на лозјето, а некои овој ден го сметаат за последен од зимските и за прв од пролетните празници. Денес, лозjaта се закројуваат со желба и надеж за уште една поплодна година со традиционалниот благослов: „Господе, ти давам едно шише со вино, за илјада да ни подариш“. Во винарските визби низ државата се организираат прослави на кои се слави денот на виното.

Според верувањата, Свети Трифун е чувар на растенијата и ги штити од разни штетници. Лозаропроизводителите на овој ден се молат да ги заштити нивите и лозја од скакулци, гасеници и други инсекти.

Културата на виновата лоза е многу стара. Повеќето народи, почетоците на одгледувањето винова лоза ги бараат во митските времиња. Според Грците, тоа го сторил Дионис, а според Римјаните, тоа бил богот Бахус на кого му се принесувале жртви, погача, вино и жито.

Помладите генерации во земјава денеска го слават Денот на вљубените со подарување на цвеќиња, плишани мечиња, чоколади и подароци со кои ја симболизираат љубовта. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk