Амбасадорот на Србија во Русија Мирослав Лазански ненадејно починал во 71. година од животот.
Лазански починал во својот дом во Белград како последица од таканаречен “нем инфаркт“.
“Немиот инфаркт“ е проследен со отсуство на болка во градите и најчесто се јавува кај дијабетичари или разни невролошки заболувања кои се проследени со пореметено пренесување на болни дразби од периферија кон кортексот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата