Тоа ја натерало да ја преиспита својата одлука. Оваа 38-годишна жена својата дилема ја споделила на Reddit, објаснувајќи дека потпишала предбрачен договор пред да се омажи за својот 42-годишен сопруг, бидејќи тој веќе имал вреден деловен имот и инвестирал во повеќе недвижности. Договорот, потпишан непосредно пред нивната свадба во април 2025 година, јасно го одредувал заедничкиот имот. „Сè што е купено пред или дури и за време на бракот е посебен имот, освен ако не е регистриран како заеднички“, напишала таа. Додала дека во случај на заедничка сопственост, уделот на секој партнер ќе биде одреден според тоа кој колку придонел финансиски.
Таа навела дека ваквиот договор првично ѝ одговарал, истакнувајќи дека самата таа е финансиски стабилна, има добра работа, пензиска заштеда и имот за изнајмување, од кои некои ги поседува лично, а некои се заеднички со нејзиниот сопруг. Но, неговиот нов предлог ја натерал да се запраша што ќе се случи ако тој почине.
Планот што променил сè
Парот размислува да се пресели во куќата на неговите родители, која тој планира да ја купи и да ја пренесе во фондот како свој посебен имот. Во случај на развод, објаснува таа, не би имала удел во таа куќа. Но, уште повеќе ја загрижува тоа што би се случило ако тој почине.
Според нејзината објава, нивната 10-месечна ќерка ќе има право на куќата, додека внукот на нејзиниот сопруг би бил именуван за повереник или извршител на тестаментот. Ова во пракса значи дека таа нема да ја поседува куќата ниту ќе има никаква контрола врз неа, дури и ако продолжи да живее во неа по смртта на нејзиниот сопруг.
„Ме мачи идејата дека градам семеен живот во дом на кој, законски, однапред знам дека нема да имам никакви трајни права“, напишала таа. Таа објаснила дека не сака да го раскине предбрачниот договор, туку сака да биде безбедна на домот каде што ќе расте нивното дете.
Онлајн реакции
Корисниците на Reddit преку коментари го дале своето мислење. Многумина изјавиле дека планот на сопругот повеќе го штити неговото пошироко семејство отколку сопругата и детето. Еден корисник напишал: „За жал, она што сте го потпишале е во негова корист, а не во ваша. Немате заштита во овој брак и ова долгорочно не е добар договор за вас. Навистина требало да ангажирате адвокат да ви помогне во ова. Можно ли е дури сега да сфаќате дека овој договор за куќата воопшто не ви е од корист?“
Авторката на објавата подоцна појаснила дека нејзина главна грижа не бил самиот предбрачен договор, туку безбедноста на семејниот дом. „Ако тој почине пред мене“, напишала таа, „сметам дека јас би требало да бидам единствениот корисник на домот во кој живееме во мометов.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата