Ананасот е едно од најпопуларните тропски овошја и со право ја носи титулата „крал на овошјето“. Не само што е вкусен, туку и многу вреден во однос на хранливите материи. Богат е со минерали како железо и манган и содржи големи количини на витамин Ц, бета-каротен, како и ензимот бромелаин бидејќи природно го помага варењето.
Ананасот може да се консумира на повеќе начини, како свежо овошје, преку сок, но и преку компот, односно како конзервирано овошје. Сепак, за сите љубители на свежиот ананас, сечењето и лупењето е најголемата болка. Цврстата кора не го олеснува тоа.
Watch on TikTok
Жена која на платформата Тик Ток објавува под корисничкото име Дијана покажала едноставна финта поради која многумина заклучиле дека цел живот погрешно го сечат ова овошје.
Во видеото што го објави таа, може да се види како сече ананас по линиите што веќе постојат на кората, па кога ќе заврши со сечењето, добива парчиња од овошјето. Се чини, дека малкумина знаеле за оваа постапка, судејќи по коментарите на објавата.
- Имам 50 години и само што дознав за ова, - Ќе купам ананас веднаш да го пробам ова...
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата