logo
logo
logo

Почнува Европската недела на спортот

Vecer | 23.09.2025

Почнува Европската недела на спортот

 Земјава, како дел од европската иницијатива за промоција на спортот и физичката активност - European Week of Sport (EWoS), и оваа година активно ќе учествува во имплементација на проектот преку низа активности со кои ќе се пренесе пораката за здрав и активен живот.

Отворањето на настанот е денеска во 17 часот во ОУ „Кочо Рацин во Скопје“. Првиот дел од програмата ќе биде одбележан со атлетски трки за сите возрасти, велосипедски трки, тимски спортови и игри, забавна програма, фитнес и рекреативни работилници, активности за деца и семејства.

Вториот настан во рамки на Европската недела на спортот ќе се одржи во петок на Средно Водно и ќе опфати отворени спортски станици со тренинг зона, натпревари во баскет 3х3 и фудбал 3х3 и рекреативно искачување до врвот на Водно.

Активностите ќе бидат заокружени на 27 септември со настанот BeActiv Night на Кеј Македонија во Охрид со натпревари во баскет 3х3, ракомет, пинг-понг и стрелаштво, фитнес и аеробик зона, доделување на награди и прогласување на победниците.

- Оваа година е особено значајна во реализацијата на проектот бидејќи се одбележува една декада од оваа инцијатива на Европската комисија која инспирира илјадници луѓе да бидат активни и да ја почувствуваат енергијата на спортот и на заедништвото, велат од Министерството за спорт.

Европската недела на спортот (EWoS) е иницијатива на Европската комисија со цел да ја поттикне физичката активност, рекреацијата и здравиот начин на живот кај граѓаните од сите возрасти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk