logo
logo
logo

Почна со работа руската верзија на Мекдоналдс: Само Кока- колата е полоша (ВИДЕО)

Vecer | 13.06.2022

Почна со работа руската верзија на Мекдоналдс: Само Кока- колата е полоша (ВИДЕО)

Биле отворени 15 филијали во и околу Москва под новото име и лого, но на истите локации како Мекдоналдс, со ист персонал и речиси идентични менија.

„Сè има ист вкус како порано, само Кока-Колата е полоша“, вели човек кој со пријателите ја посетил новоотворената филијала.

По повеќе од 30 години работа, Мекдоналдс го затвори својот бизнис во Русија во март како одговор на инвазијата на рускиот претседател Владимир Путин на Украина.

Недели подоцна, откако култните жолти лакови од логото на американската франшиза беа отстранети низ целата земја, руската замена за Мекдоналдс го претстави своето лого: две портокалови линии и црвен круг на темно зелена позадина што претставуваат два помфрита и еден хамбургер.

Иако менито во меѓувреме го загубило својот Биг Мек, останале многу производи, но под различни имиња. Пред затворањето, Мекдоналдс имал повеќе од 62.000 локални вработени во земјата.

Некои ресторани на аеродромите и железничките станици засега ќе продолжат да работат под американското лого на Мекдоналдс поради специјалните договори за франшиза кои не можат лесно да се раскинат.

Нов сопственик е Александар Говор, кој од 2015 година е сопственик на лиценца за водење на 25 ресторани на Мекдоналдс во Сибир.

Говор ги купиле сите 825 локации на Мекдоналдс низ целата земја и вели дека планира повторно да ги отвори во рок од два месеци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk