logo
logo
logo

По забраната за лов, диви свињи слободно шетаат во делчевските села

Vecer | 20.01.2022

По забраната за лов, диви свињи слободно шетаат во делчевските села

За последниот ваков случај информира Дарко Златковски од Габрово, кој забележал дива свиња покрај патот кој води до селото.

-Дивата свиња беше прилично мирна, не правеше штета, туку бараше храна покрај патот. Некои велат дошла од Вртиславци, некои дека е припитомена бидејки е одгледувана во домашни услови, вели Златковски.

Дека диви свињи често се одгледуваат во домашни услови, може да се потврди и од случајот од изминатото лето, кога дивото животно беше забележано во градскиот парк во Делчево, а потоа беше потврдено дека свињата избегала од кафез, во кој се чуваат и домашни свињи.

Одгчедувачите на свињи кај чии грла неодамна беше извршена депопулација се децидни дека Африканска свинска чума се појави токму од дивите свињи и затоа според нив требаше да се спроведе хајка на диви свињи, со цел да се намали влијанието на вирусот.

Ацо Десподовски од село Драмче на кого му беа уништени 60 грла, потврди дека диви свињи годинава има многу.

-Не само што ги има, туку направија голем пустош по нивите. Целата пченка ја однесоа, а правеа и други штети, вели Десподовски.

Од таа причина неодамна ловечкото здружение „Хантер Про” апелира да се тргне забраната за лов до 31 јануари, за да има поголем отстрел на диви свињи и да се направи увид на умрени единки, со цел да се утврди дали и по депопулацијата на домашните свињи, има присуство на африканска чума кај дивите свињи.

По појавата на африканска свинска чума во делчевското село Драмче во радиус од три километри беше извршена депопулација на околу 200 грла, за што сопствениците ќе добијат соодветен паричен надомест.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk