Иан Ашер живеел во Австралија кога неговата сопруга поднела барање за развод. После тоа решил дека му е доста од „стариот живот“ и направил радикален потег.
Иан ја ставил куќата и целиот свој имот на продажба и ги искористил парите за да купи пуст остров на Карибите.
Со нешто повеќе од 200.000 фунти решил да го изгради својот „мал рај“, каде што немало ни вода ни струја. Покрај тоа, тој морал да одгледува овошје, зеленчук и живина за да се прехрани.
Во една прилика, за време на едно патување во Лондон, ја запознал Ванеса, која набрзо му се придружила во големата авантура, пренесува LadBible.
Иан постојано дава интервјуа и го опишал животот на пуст остров. Уживаше во работите што требало да ги работи, а ги имало доста.
Освен што се грижел за овошјето и зеленчукот, тој се грижел и за 10 кокошки кои слободно шетаат, за нивните јајца да бидат целосно органски, откри тој.
Понекогаш го посетувале рибари од кои купувал риба. Во најблискиот град имало и два супермаркети до кои оделе на секои 10 дена со брод.
Во моментите на одмор тој заедно со својата избраничка уживал на плажа и во нуркање. За медиумите признал дека му фали само едно.
„Ми недостига излегувањето во петок со семејството и пријателите во стариот добар паб“, рече тој.
Ја споменал и лошата интернет конекција, но и губењето на џет ски.
И тогаш, пред девет години, решил да сврти нов лист! Го продал островот и почнал да патува низ светот со Ванеса.
Последен пат медиумите ги „лоцирале“ во Франција, каде што се преселил парот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата