logo
logo
logo

По пет години пауза, Северна Кореја повторно прима западни туристи

Vecer | 13.02.2025

По пет години пауза, Северна Кореја повторно прима западни туристи

Според пекиншката агенција „Корио Турс“, која организира патувања во Северна Кореја за западни туристи, утрово нејзини вработени ја преминале границата меѓу Кина и Северна Кореја кај градот Расон.

„Северна Кореја сè уште не е целосно отворена за туризам, но очекуваме наскоро да потврдиме повторно отворање на граничниот премин Расон за туристи“, соопшти компанијата, препорачувајќи им на заинтересираните да резервираат аранжмани за април или мај.

Друга туристичка агенција, „Јанг Пајонир Турс“, објави фотографија од пасош со севернокорејски печат, тврдејќи дека тоа е „првото враќање на турист од пет години“.

Туризмот во Северна Кореја беше строго контролиран и пред пандемијата, а најголем дел од посетителите беа Кинези. Западните туристи, според проценките, беа околу 5000 годишно, главно пристигнувајќи преку Кина.

Во 2017 година, САД воведоа забрана за патувања во Северна Кореја поради случајот со американскиот студент Ото Вормбир, кој почина откако беше ослободен од севернокорејски затвор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk