Имено, планинарот, чиј идентитет не е откриен, се изгубил на највисокиот врв во државата Колорадо, планината Елберт. Спасувачите почнале да го бараат, но не успеале да најдат трага и претпоставиле дека залутал од патеката.
За среќа, после 24 часа успеал да се врати во својот автомобил, но немал поим дека спасувачите го барале бидејќи цело време ги игнорирал нивните повици зашто доаѓале од непознат број.
„Неколку обиди да се контактираме со него преку мобилен телефон беа неуспешни. Заклучокот е дека тој ги игнорираше нашите повторени повици бидејќи не го препозна бројот. Ако доцните од планот за патување, бидете подготвени за повик од спасувачки тим кој се обидува да потврди дека сте безбедни“, објавија спасувачите на Фејсбук.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата