Прашањето поттикна лавина одговори за тоа колку светот се промени од 2020 г.
Самиот автор на објавата истакнува дека нормализацијата на вештачката интелигенција, од генерирање слики до обични разговори со асистентите на вештачката интелигенција, е нешто што тогаш би звучело како дистопија, но денес е само „уште еден отворен „таб“ во прелистувачот“. Многумина се согласија и ги споделија своите забелешки за тивките промени што го преобликуваа нашиот секојдневен живот.
Свет проткаен со вештачка интелигенција
Судејќи според коментарите, многумина не можат да поверуваат дека вештачката интелигенција во денешно време е толку развиена.
„Видеоисечоци генерирани со вештачка интелигенција. Сè уништија. Гледам некое инспиративно или застрашувачко видео или што и да е, и се покажува дека не е вистинско. Цртаните филмови барем не делуваат дека се реални. Овие видеа ме навлекуваат да поверувам во нешто што е лажно.
Дури сум видел познати личности или рабини како пренесуваат мудрост, а содржината всушност ја напишал некој 16-годишник без животно искуство. Го мразам до срж ова и сакам да видам што всушност прават горилата, но не лажните горила.“
„Завчера, сестра ми ми кажа дека нејзиниот сопруг има „адвокат вештачка интелигенција“ со кого се консултира по телефон за неговиот бизнис. Ѝ реков дека тоа е ужасна идеја.“
„Луѓе кои своите размислувања им ги препуштаат на прославен генератор на предвидливи текстови и со тоа дозволуваат да им пропаѓаат сопствените вештини. Тоа во иднина многу скапо ќе ги чини, а јас веќе си спремив пуканки.“
Нови економски стандарди
Пред шест години, многумина не можеа ни да замислат колку ќе бидат високи трошоците за живот во 2026 година.
„Еднособен стан за 1.000 евра во полош дел од градот“, напишал еден корисник, на што друг се надоврзал: „Полошо е што 1.000 евра месечно сега се дури и доста евтино во многу градови“.
„Неделни сметки за намирници - 250 евра. Плаќаш 2,50 евра за кесичка брашно што порано чинеше 99 центи“.
Социјални и политички тензии
Геополитичката ситуација - од Украина до Гренланд – денес е исто така за многумина неверојатна.
„САД отворено расправа за инвазија на Гренланд“, напишала една личност како нешто што најмногу ја изненадува за 2026 година.
„Редовно гледам на Фејсбук објави на белите супремацисти, вистински расистички карикатури. Тоа е нешто што не можевте да го видите порано освен ако намерно не сте ги посетиле тие нацистички страници, а сега луѓето го објавуваат масовно. А ако ги пријавите? Ништо не се случува“.
„Бесрамноста кај американската власт. Некогаш можеше да се предизвика скандал со тоа што ќе се посочи лицемерието, двојните стандарди и селективната примена на законот. Денес, владата дури и не се труди да го крие тоа. Секој ден се носат сè повеќе закони кои можеби се неутрални на хартија, но очигледно се спроведуваат само против политичките непријатели.“
Други наведоа „јавни расистички испади“ и појавата на „маскирани мажи кои ги земаат луѓето од улица и исчезнуваат со нив“.
Промени во работата и здравствената заштита
Во 2020 година се случи пандемијата на коронавирус, која животите на многу луѓе ги преврте наопаку. Единственото добро нешто што го донесе беше работата од дома.
„Целосна работа од дома и состаноци со исклучени камери. 2020: „Дозволено ли е ова воопшто?“ 2025: „Ве молам не ја вклучувајте камерата.“
„КОВИД. Моментално сум болен дома. Работам во болница. Сега не им е гајле. Ако не отидам во среда, ќе го изгубам додатокот за годишен одмор. А во 2020 година, ми платија две цели недели отсуство од работа.“
Големи промени во размислувањето
„Технолошката индустрија која е бесрамно проавторитарна и отворено зла. Уште во 2020 година, знаевме дека Цук и Тиел ќе ги прават овие работи, но мислевме дека Гугл, Амазон и останатите барем ќе се преправаат дека им е грижа и дека не се отворено злобни. Погрешивме. Отфрлањето на еколошките цели, отворената продажба на оружје за геноцид, јавното напуштање на програмите за разновидност, а да не го спомнуваме отвореното прифаќање на масовни отпуштања. Тоа апсолутно ни ги отвори очите.“
„Дека луѓето ќе се свртат против вакцинирањето. Тоа е како да се лутите на пеницилинот.“
„Контрола од страна на државата. Џорџ Орвел нè предупреди за ова пред неколку децении.“
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата