Папата Франциск ги повика политичките и економските лидери на Светскиот економски форум во Давос внимателно да го следат развојот на вештачката интелигенција (ВИ), предупредувајќи дека технологијата може да ја влоши се поголемата „криза на вистината“.
Во писмената изјава прочитана во Давос, папата ги пофали способностите на технологијата на вештачка интелигенција, но предупреди дека таа предизвикува „голема загриженост“ за иднината на човештвото.
„Резултатите кои вештачката интелигенција може да ги произведе се речиси исти како оние што ги создале луѓето, што покренува прашања за нејзиното влијание врз растечката криза на вистината“, рече папата.
Тој истакна дека владите и бизнисите мора да бидат внимателни и препорача внимателно да го следат развојот на вештачката интелигенција.
Во јуни минатата година на Самитот на Г7 во Италија, тој зборуваше за технологијата на вештачката интелигенција, нагласувајќи дека луѓето не треба да дозволат алгоритми да одлучуваат за нивната судбина.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата