logo
logo
logo

Пакистан соопшти дека го продолжува рокот за депортација на милиони Авганистанци до 1 септември

Vecer | 06.08.2025

Пакистан соопшти дека го продолжува рокот за депортација на милиони Авганистанци до 1 септември

Во текот на изминатите четири децении, многу Авганистанци избегаа во Пакистан поради воен конфликт, политичка нестабилност и економски тешкотии во нивната татковина.

Според Високиот комесаријат на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР), во моментов има околу 1,4 милиони Авганистанци регистрирани во Пакистан кои поседуваат дозволи за престој.

Властите во Исламабад првично одбија да ја обноват важноста на овие дозволи по 30 јуни, што предизвика критики од групите за човекови права.

Портпаролот на пакистанското Министерство за надворешни работи денес изјави дека на авганистанските бегалци им се дава „грејс период“ од 25 дена од 4 до 31 август за доброволно да се вратат во својата татковина. Портпаролот додаде дека Авганистанците кои не ја напуштиле земјата до тој рок би можеле да бидат притворени и присилно депортирани.

Исламабад, исто така, се подготвува да протера 800.000 луѓе со документи за авганистанско државјанство, кои според властите, нелегално престојуваат во Пакистан.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk