logo
logo
logo

Пад на европските берзански индекси по царините на Трамп

Vecer | 03.04.2025

Пад на европските берзански индекси по царините на Трамп

Европските берзански индекси денеска паѓаат откако американскиот претседател Доналд Трамп воведе реципрочни царини на повеќе од 180 земји и територии ширум светот, вклучувајќи царина од 20 отсто за стоки увезени од Европската унија и 10 отсто за стоки од Велика Британија.

Администрацијата на Трамп, која го прогласи 2-ри април за „Ден на ослободувањето“, исто така воведе царини од 25 отсто на целиот увоз на автомобили од странско производство, пренесува Си-Ен-Би-Си.

Според американскиот претседател, тој датум „засекогаш ќе биде запаметен како денот кога се прероди американската индустрија“.

Франкфуртската берза DAX денеска во 9:30 часот падна на 21.868,05 поени, британскиот FTSE 100 на 8.488,95 поени, францускиот ЦАЦ 40 на 7.681,67 поени, додека московскиот MOEX се искачи на 2.946,28 поени.

Акциите на многу европски компании денеска паѓаат. Германската Пума падна за девет отсто, Адидас 8,6 отсто, шведското Волво девет отсто, а данската бродска компанија Маерск 7,4 отсто, објави Си-Ен-Би-Си.

Вредноста на американскиот берзански индекс Доу Џоунс се искачи на 42.225,32 поени на вчерашното затворање, СиП 500 индексот падна на 5.670,97 поени, а вредноста на Насдак индексот падна на 17.601,05 поени.

Според сегашните берзански податоци, цената на суровата нафта падна на 69.157 долари, а на нафтата Брент на 72.412 долари.

Цената на златото падна на 3.120,99 долари за унца.

Вредноста на еврото во однос на доларот на берзата Forex изнесува 1,09752, што е повисока од вредностите забележани во тргувањето вчера. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk