logo
logo
logo

ОВАА ОПАСНА БАКТЕРИЈА ВО ХРАНАТА МОЖЕ ДА БИДЕ КОБНА: Доктор открива како се шири во вашата КУЈНА, внимавајте!

Vecer | 06.03.2024

ОВАА ОПАСНА БАКТЕРИЈА ВО ХРАНАТА  МОЖЕ ДА БИДЕ КОБНА: Доктор открива како се шири во вашата КУЈНА, внимавајте!

Листеријата е ретка и многу опасна бактерија која се размножува на овој начин.

Листеријата е бактерија која може да ја има во најразлични производи кои не биле подложени на термичка обработка, како млеко, сирење, месо, но и во салати.

Професорката по физичка хемија, истакнува дека оваа бактерија предизвикала смрт на пет лица во Австрија, откако била пронајдена во крем. Интересно е што листеријата може да преживее во вода, почва и кај различни животни. Доволна е пастеризација на 72 степени за да се уништи, но најдобро расте во температурниот опсег од 0 до 45 степени и може да се развие дури и во фрижидер, изјавила таа.

Превентивни мерки и ризици

Професорот Станишиќ нагласува дека зелената салата често е загадена со листерија и дека е важно добро да се измие пред консумирање, особено ако била во фрижидер. Интересен факт е дека околу 10 проценти од луѓето можат да имаат листерија во цревата, но не се разболуваат сите. Посебно подложни се новороденчињата, постарите и трудниците, бидејќи бактеријата може да предизвика сериозни компликации како предвремено породување или дури и фетална смрт. Кај возрасните, симптомите се слични на грипот и може да се појават дури и по подолг временски период, што често ја отежнува дијагнозата.

Постои и инвазивна листериоза

Станува збор за сериозно заболување кое главно се јавува кај високоризични групи на население (бремени жени, болни од рак, пациенти со СИДА, пациенти со трансплантација на органи и други лица со ослабен имунитет, стари лица и доенчиња). Симптомите на оваа форма на болеста вклучуваат треска, главоболка, вкочанет врат, повраќање, губење на рамнотежа, а во потешки случаи може да дојде до нарушување на свеста, конвулзии и парализа на различни мускули. Просечниот период на инкубација е 1-2 недели, но може да се движи од неколку дена до 90 дена, информираат од „Градскиот институт за јавно здравје“.

Мерки за заштита од листерија

Кога станува збор за миење овошје и зеленчук, професорот препорачува темелно плакнење со топла вода, посочувајќи дека листеријата може да се пренесе и преку нечистотија

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk