logo
logo
logo

Огромен стаорец изгриза двегодишно дете- родителите затекнале ужасна сцена, насекаде крв (ФОТО)

Vecer | 27.09.2025

Огромен стаорец изгриза двегодишно дете- родителите затекнале ужасна сцена, насекаде крв (ФОТО)

Несреќното двегодишно момче го пронашле неговите родители облеано во крв, додека во неговиот кревет бил пронајден измет од стаорец, објавува Дејли Меил.

„Детето замрзнато од страв“

Локалните медиуми објавија дека детето било „замрзнато од страв“ додека глодарот му направил рани на главата и лицето, и дека не врескало.

Кога неговата мајка и татко го пронашле облеан во крв, веднаш повикале брза помош. Малото момче било однесено во болница, каде што лекарите дијагностицирале повреди на неговото уво, лице и рака.

„Не би му посакала ниту на мојот најголем непријател да најде дете во истата состојба во која јас го најдов моето“, рекла мајката Амел.

Таа додала дека момчето имало модринки под очите и плускавци на раката.

Стаорецот фатен и убиен

По ужасниот инцидент, таткото инсталирал камера во детската соба. Наскоро, стаорец „со големина на мачка“ бил снимен како трча низ собата.

Глодарот подоцна бил фатен и убиен.

Во меѓувреме, малото дете развило сериозна инфекција, а лекарите наводно размислуваат за трансплантација на кожа или реконструкција на увото.

Станарите се жалеле и претходно

Жена, за која локалните медиуми известуваат дека е блиска до семејството, тврди дека станарите во зградата поднеле повеќекратни жалби за стаорците во последните месеци, но ништо не е преземено за решавање на ситуацијата.

„Сопственикот е свесен дека зградата е дотраена. Тие пријавуваат проблеми со месеци, но ништо не е преземено“, рече таа.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk