Таа информираше дека веќе една недела во Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ се спроведуваат активности по повод Меѓународниот ден на мирот.
– Се собравме од сите националности, правевме пораки на мир, се дружевме, игравме, пеевме и се сликавме. Во мир сме среќни, се сакаме, се дружиме и играме, истакна професорката.
Таа на денешниот мировен марш потенцираше дека мирот навистина е еден значаен момент во нашиот живот.
Околу свеста за соживот кај младите, Стефановска рече дека во Средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов“ дефинитивно младите од многу националности живеат во заедништво и слога и оти така може да покажат дека се најсилни.
– Мислам дека веќе почнува да се чувствува тој момент дека немаме разлики, односно дека разликите не спојуваат и дека тие се клучот за нашето заедништво и така помладите генерации почнуваат тоа многу подобро да го покажуваат низ дружба, низ активности без разлика на вера и на јазик. И искрено да ви кажам што само треба. Само треба некој да им покаже и да ги насочи и навистина се многу силни. Затоа јас навистина сакам да се дружам со нив и во секоја прилика нивната дружба едноставно го прави човек да биде богат, заклучи професорката. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата