Причина за новите правила се новите скенери, за кои Европската комисија тврди дека не се доверливи, а аеродромите кои користат ваков тип на скенери ќе мора да се вратат на „стариот модел“, поради што се очекуваат гужви бидејќи самата проверка ќе трае подолго. Максималната дозволена тежина на рачниот багаж ќе биде 10 килограми, а секој патник ќе може да земе еден рачен багаж и еден мал личен предмет. Ефективноста на новите скенери беше доведена во прашање со техничкиот извештај испратен од комисијата до европската конференција за цивилно воздухопловство минатиот мај, во кој беше наведено дека тие не можат да ја гарантираат доверливоста на скенерот за контејнери со капацитет поголем од 330 милилитри.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата