Јуни е месецот кога младите дами низ регионот едвај чекаат да ги покажат своите матурски фустани. Многу од нив ги бараат своите креации по моделот на познати личности и, очигледно, во Бугарија девојките биле инспирирани од Мет Гала, но на малку попретеран начин.
Со денови, видеа од матурската вечер во Пловдив кружат на социјалните мрежи, а фустаните на матурантките блескаат, благо речено, со огромни светки, бисерчиња и светкави детали.
Изобилство од долги фустани, но и длабоки шлицови, а фустанот што најмногу привлекуваше внимание имаше метален корсет.

И момците се облекоа по овој „тренд“ не избраа хармонични и елегантни костуми, туку оние што ќе се издвојат колку што е можно повеќе.
Коментарите на мрежите се навистина поделени - од оние кои се шармирани од стилот до оние кои го нарекоа настанот Мет Гала од Али Експрес. Би било интересно да се чујат коментарите на Ана Винтур, која стои зад Мет Гала, која се организира секоја година во Метрополитен музејот во Њујорк.
Во секој случај, би било нереално да се очекува дека младите девојки кои штотуку завршиле средно училиште имаат приход за навистина да го копираат стилот на холивудските диви кои со години ги засенуваат на црвениот тепих.
Иако стилот на бугарските матуранти можеби ги „печеше очите“, неспорно е дека секоја од нив се издвои на свој начин и дека имаше многу забава и добро расположение.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата