logo
logo
logo

Образовни реформи во Шведска: Децата ќе одат во училиште од шест години

Vecer | 19.09.2024

Образовни реформи во Шведска: Децата ќе одат во училиште од шест години

Владата ги објави плановите да ја замени задолжителната предучилишна година за шестгодишните деца позната како förskoleklass со дополнителна година во grundskola (основно училиште).

Коалициската влада на десниот центар, предводена од умерените и поддржана од екстремно десничарските Шведски демократи, го објави планот пред презентацијата на буџетот за 2025 година, што треба да се случи денеска. Планот датира од претходната влада и е поддржан и од левичарските социјалдемократи, јавува Гардијан.

Министерот за образование, Јохан Першон, изјави дека училиштето мора да се врати на основите со фокус на рано учење на читање, пишување и математика.

Критичарите велат дека планот е спротивен на истражувањата што покажуваат дека играта е клучна за развојот на децата, охрабрувајќи ги да истражуваат, создаваат и развиваат преку игра, љубопитност и насочувани откритија. Водачите на синдикатот стравуваат дека овој потег може да остави без работа многу специјализирани наставници од предучилишна возраст. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk