Инстаграм објави дека има нова програма за креатори на содржини на оваа платформа, во обид да ја зајакне својата позиција во однос на конкуренцијата.
Социјалната мрежа Инстаграм им нуди на одбрани креатори на содржини во Соединетите Американски Држави до 20.000 долари за да ги привлечат луѓето до апликацијата, со цел да ја зајакне својата позиција во однос на конкурентите TikTok и YouTube.
Ова е пилот-проектот „Препораки“ на Инстаграм и не е достапен за сите креатори, туку само за оние со седиште во САД на кои компанијата прво им пристапува.
Програмата функционира така што на креаторите им плаќа 100 долари за секој нов корисник кој се регистрира преку нивниот споделен линк или за секои 1.000 посети на апликацијата преку нивниот линк, со максимална исплата од 20.000 долари, објавува „Бизнис инсајдер“.
Идејата е да се натераат креаторите да го промовираат Инстаграм на конкурентски платформи како TikTok, YouTube, Dissord и Substack.
„Споделете го вашиот Инстаграм профил, видеа, објави, приказни и канали надвор од Инстаграм“, им кажува апликацијата на учесниците во проектот.
Најновиот потег на Инстаграм е дел од серија тестови и програми за стимулација дизајнирани да ги задржат креаторите на платформата, особено затоа што конкурентите како TikTok продолжуваат да привлекуваат таленти со своите понуди.
Шемите за препораки и бонуси брзо стануваат норма во индустријата, а TikTok неодамна лансираше свои награди за препораки кои вклучуваат попусти на купувања и финансиски стимулации за поканување пријатели да се приклучат на апликацијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата