logo
logo
logo

Не, не се старее постепено... ВО ОВИЕ ДВЕ КЛУЧНИ ГОДИНИ СТАРЕЕЊЕТО ЕКСПЛОДИРА

Vecer | 28.09.2024

Не, не се старее постепено... ВО ОВИЕ ДВЕ КЛУЧНИ ГОДИНИ СТАРЕЕЊЕТО ЕКСПЛОДИРА

Истражувањата сугерираат дека стареењето не е постепен процес, туку се случува во најмалку два забрзани рафали.

Студијата предводена од професорот Мајкл Снајдер од Универзитетот Стенфорд откри дека стареењето не доаѓа постепено, туку во два забрзани процеси, и тоа околу 44 и 60 години од животот.

Не се менуваме само и не стареме пополека, постепено. Има периоди кога се случуваат драстични промени кои директно покажуваат дека “не сме веќе истите од порано“.

Со анализа на 135.000 молекули и микроби кај 108 волонтери на возраст од 25 до 75 години, забележани се промени во молекулите поврзани со кардиоваскуларни болести, метаболизмот на алкохол и кофеин и имунолошкиот регулатива.

Тие анализирале различни типови на молекули, вклучувајќи РНК, протеини, липиди и таксони на микробиомот на цревата, кожата, носот и устата.

По извршената анализа забележале дека во човечкото тело во текот на две животни фази има значителна промена во количината на различни видови молекули.

И ако стареењето е голема грижа за вас, друга студија има неколку совети.

Имено, новото истражување на австралискиот универзитет Едит Кован тврди дека ентропијата - процесот на бавно и неизбежно стареење - може да се забави со патување.

Според споменатата студија, многу елементи на патувањето како запознавање нови луѓе, подобро спиење, нови животни искуства, како и учество во активности како јога или спа третмани помагаат во борбата против стареењето.

„Туризмот не е само за одмор и рекреација“, вели авторот на студијата Фангли Ху.

„Тоа може да придонесе и за физичкото и менталното здравје на луѓето.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk