Повеќето патници ја занемаруваат бојата на куферот. Можеби звучи тривијално, но токмму бојата одлучува дали вашата торба ќе стигне со вас или ќе „исчезне“ некаде на аеродромот.
Зошто темните куфери не се најдобар избор
Црниот или сивиот куфер се класици, сите ги имаме или сме ги виделе стотици пати. Тие се практични, неутрални, најмалку се валкаат, а стручните лица предупредуваат дека токму нивната неупадливост ги прави мета за кражба.
Еве зошто според еден блогер, кој е туристички агент, и во просек годишно поминува барем 15 дена на аеродромите ширум светот, не треба да имате темен куфер:
Меѓу купот слични куфери тешко е брзо да го препознаете вашиот и така на лоповите им ја олеснувате кражбата.
Персоналот на аеродромот исто така има проблем – меѓу десетиците исти куфери тешко ќе го пронајдат вашиот.
Крадците го користат истиот принцип, се камуфлираат во околината, изгледаат неупадливо, а мета им се куферите што не привлекуваат внимание и лесно може да се земат.
Ако некој крадец го фатат со украден темен куфер, секогаш може да каже дека го „побркал“ со неговиот.
Статистиката предупредува
Црните куфери сочинуваат 40% од продажбата, додека сините и сивите заземаат околу 30%, т.е.20% од пазарот. Ова значи дека вашиот темен куфер практично се губи во масата.
Колку е реален ризикот покажуваат следниве податоци: Годишно ширум светот се губат околу 33 милиони парчиња багаж, а 2,5 милиони никогаш не им се враќаат на сопствениците.
Темните еднобојни куфери се меѓу првите на листата изгубен багаж. На пример, авиокомпанијата „Рајанер“ во 2024 г. потврдила дека црните, сивите и темно сините куфери, тешко се препознаваат во метежот.
Како да го заштитите темниот куфер?
Еве со кои трикови можете вашиот темен куфер да го направите лесно препознатлив:
додајте шарени ознаки или ленти,
користете уреди за следење багаж како AirTag
прилагодете го на вашите детали за вашиот куфер да биде уникатен и веднаш препознатлив.
На овој начин, дури и ако вашиот куфер е преместен или изгубен, поголеми се шансите брзо да го лоцирате и да ги зачувате вашите работи без стрес, пишува блогерот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата