logo
logo
logo

Не ѝ се отворил падобранот-шокантна симулација открива како девојка преживеа пад од 1.000 метри

Vecer | 30.01.2025

Не ѝ се отворил падобранот-шокантна симулација открива како девојка преживеа пад од 1.000 метри

На крајот на јануари 2014 година, таа требало да го исполни својот сон и да скокне од речиси 1.000 метри, но работите тргнале наопаку, пренесува LadBible.

Откако тинејџерката скокнала од авионот, падобранот не се отворил правилно.

„Го кренав погледот и сфатив што се случува. Се обидов да го решам проблемот како што нѐ учеа на час. За жал, не бев доволно силна да се борам со ветрот. Врескав, а потоа изгубив свест. Потоа не се сеќавам на ништо“, изјавила Мекензи подоцна.

Кога удрила во земјата, девојчето се здобило со ужасни повреди, вклучително и скршеници на ребрата, карлицата и клучната коска. Имала и крварење во мозокот и повреди на внатрешните органи.

Таа била хоспитализирана и долго време се опоравувала. Таа тврди дека две години по несреќата имала напади на паника, кошмари, главоболки, проблеми со меморијата и чести инфекции на бубрезите.

На крајот на краиштата, против сопственикот на компанијата „Пегазус Ер Спорт Центар“ била поднесена тужба, а судот наредил на жртвата да ѝ биде исплатена отштета во износ од 760.000 долари.

Последен пат медиумите пишувале за Мекензи во 2020 година кога таа доби награда од државниот универзитет Сем Хјустон, каде студира медицина.

 „Ти благодарам Исусе за оваа неверојатна втора шанса за живот. Решена сум да им служам на другите и нема да застанам додека не создадам живот со кој можам да се гордеам“, изјавила таа.

Чудо е што жителката на Тексас преживеала пад од помалку од 1.000 метри, а сега познатиот Јутјубер Zack D Films направил драматична симулација.

Тоа покажа како изгледал нејзиниот лет и несреќниот пад, а многу гледачи останаа без зборови од снимката.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk