Нивото на јаглерод диоксид (CO2) во нашата атмосфера минатата година се зголемувало побрзо од кога било досега, предупредуваат научниците, сугерирајќи дека постигнувањето на клучните цели во глобалната борба против климатските промени сега е се помалку возможно, објавија денеска британските медиуми.
Концентрацијата на CO2, гасот кој има најголемо влијание врз затоплувањето, сега е за повеќе од 50 отсто повисока отколку во периодот пред луѓето да почнат да користат големи количини на фосилни горива, јавува Би-Би-Си.
Забрзаното зголемување на количеството на овој гас во атмосферата е некомпатибилно со постигнувањето на целите на меѓународната заедница, која вети дека ќе го ограничи глобалното затоплување на праг од 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустрискиот просек, соопшти службата Мет офис.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата