logo
logo
logo

Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп

Vecer | 26.01.2025

Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп

„Верувам дека прашањето на Гренланд ќе се реши со наше учество. Мислам дека ќе го добиеме. И мислам дека луѓето сакаат да бидат со нас, како што знаете. Таму има 55.000 луѓе кои сакаат да бидат со нас“, рече Трамп.

Тој додаде дека всушност не знае какви претензии има Данска за автономната територија, но евентуалното одбивање од нејзина страна да се согласи со американските предлози би било „непријателски чин“.

Премиерот на Гренланд, Мут Егеде вели дека народот ќе одлучи за иднината на територијата. Данскиот премиер Мете Фредериксен ги поддржува неговите коментари.

Гренланд е најголемиот остров во светот и галвно е автономен, иако е дел од данската монархија, посочува ДПА. Данска обезбедува одбрана и ја контролира надворешната политика на островот.

Географската локација на Гренланд е клучна, а се верува дека островот е богат со ресурси и витални природни минерали.

Во своите коментари, Трамп изјави дека САД „ќе го добијат Гренланд“ бидејќи тоа е поврзано со слободата на светот и дека САД се единствената сила што може да ја обезбеди таа слобода. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk