logo
logo
logo

СКАНДАЛ ПО СКАНДАЛ

Најзгодниот Арап заради својата НЕСТВАРНА УБАВИНА протеран од Саудиска Арабија!

Vecer | 20.09.2023

Најзгодниот Арап заради својата НЕСТВАРНА УБАВИНА протеран од Саудиска Арабија!

Омар Боркан е модел кој стана светски познат кога приказната за тоа како во 2013 година бил протеран од Саудиска Арабија дека бил убав стигна до медиумите. Тогаш списанијата ширум планетата почнаа да се грабаат за него, сакајќи да биде на нивната насловна страница, а зделките за реклами само продолжија да доаѓаат.

 

Сепак, вистината не е баш онаква каква што тој ја претстави. За време на фестивалот во Ријад дошло до инцидент на штандот каде работел тој и уште двајца манекени. Околу штандот се собрале жени, а Боркан наводно непримерно танцувал, па верската полиција побарала од него да го напушти штандот, бидејќи нивниот закон не дозволува таква комуникација меѓу мажи и жени кои не се роднини.

Боркан потоа ја „објави“ приказната дека поради убавината е протеран од земјата, а таа приказна набрзо го обиколи светот и „експлодираше“ во медиумите. Благодарение на таа приказна, Омар е прогласен за „најзгодниот Арап на светот“.

 

 

По инцидентот, моделот се пресели во Ванкувер во 2013 година, каде што живее и денес. Во 2015 година, обожавателите беа очајни кога тој објави дека се оженил со извесна Јасмин. Тогаш коментираа дека неговата избраничка е мажествена, и дека имала премногу пластични операции.

Парот не обрнуваше внимание на овие коментари, а круна на нивната љубов беше синот кој го добија во 2016 година. Сепак, според странските медиуми, парот се развел две години подоцна.

 

Покрај тоа, Боркан беше депортиран од Дубаи во 2021 година бидејќи објави видео на својот Инстаграм-профил на кое се гледа како пуши марихуана. Тогаш командантот на кривичната истрага во Дубаи објави дека е одлучено Боркан да се „депортира“ од Емиратите бидејќи промовира сомнителен морал.

Така, тој стана непожелен и во Дубаи, но убавината нема апсолутно никаква врска со тоа, како што стојат работите.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk