Индиски љубител и одгледувач на кучиња, познат како Сатиш, платил неверојатна сума еквивалентна на 500 милиони рупии за „волк куче“ по име Кадабомб Оками, пишува The Sun.
Скапото куче е мелез - потомок на волк и кавкаски овчар - и се смета за прв примерок од оваа „раса“ во светот. Педесет и едногодишниот Сатиш, познат одгледувач на кучиња од Бенгалуру во јужна Карнатака, Индија, поседува над 150 различни раси на кучиња.
Прогласено за најретко куче на светот, Оками е родено во САД и продадено преку брокер во Индија во февруари оваа година. За само осум месеци, кученцето веќе тежи неверојатни 75 килограми и е високо 76 сантиметри.
Сатиш, кој е претседател на Здружението на индиски одгледувачи на кучиња, рече дека Оками е исклучително ретка раса на кучиња која наликува на волк и досега не била продадена во светот.
„Ова извонредно куче беше одгледано во САД: потрошив 50 милиони рупии за негово купување, бидејќи уживам да поседувам уникатни кучиња што сакам да ги претставам во Индија“, признава Сатиш.
Кавкаското овчарско куче е мускулесто куче со долги влакна кое потекнува од земји со студена клима како Грузија, Ерменија, Азербејџан и делови од Русија. Тој е неверојатен чувар и често бдее над стадата говеда поради волците кои се појавуваат на планинските падини.
Оками стана сензација во Карнатака каде што Сатиш парадираше на неколку ВИП настани, вклучително и филмски премиери. Една снимка од Оками како оди по црвениот тепих на премиерата имаше речиси 3 милиони прегледи на YouTube, тврди Сатиш, кој престанал да одгледува кучиња пред околу една деценија, но сега заработува доволно пари само од нивно изложување. Може да привлече гужва каде и да се појави и заработува неверојатни суми на пари - од 2.500 евра за половина час до 10.500 евра за пет часа парадирање - доколку ги носи своите миленици на специјални настани.
Сатиш вели дека потрошил многу пари на кучињата, но добива огромни хонорари бидејќи луѓето се љубопитни да ги видат неговите миленици. Тој ги чува кучињата на фарма од речиси 3 хектари: секое куче има кутија од 6x6 метри. Кучињата се заштитени со строго обезбедување, а околу имотот се поставени безбедносни камери и ѕид висок три метри. Сатиш тврди дека кучињата имаат доволно простор за одење и трчање, а за нив се грижат шест лица.
Сатиш е сопственик на необично чау чау куче кое неодоливо наликува на црвена панда: минатата година овој Индиец го купил кученцето со необичен изглед за неверојатни 2,6 милиони фунти.
Овој ексцентричен и љубител на кучиња од Индија го поседува најголемиот и најскапиот неаполски мастиф во светот.
Сопственикот добро се грижи за своите кучиња: не им купува комерцијална храна која е полна со стероиди и им го скратува животниот век на кучињата, туку им дава сирова храна, а Оками јаде три килограми сирово пилешко месо дневно.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата