logo
logo
logo

Најбогати 10 во светот се мажи, ЗНАЕТЕ ЛИ КОЈА Е НАЈБОГАТА ЖЕНА

Vecer | 14.03.2021

Најбогати 10 во светот се мажи, ЗНАЕТЕ ЛИ КОЈА Е НАЈБОГАТА ЖЕНА

Верувале или не, има и такви кои оваа криза воопшто не ги погоди, згора на тоа, им помогна да го зголемат своето богатство. Генерално, најбогатите го зголемија своето богатство за повеќе од трилион долари во 2020 година, всушност, таквата концентрација на богатство и зголемувањето - постигнато на краток рок - скоро никогаш не е видено претходно.

Ова е списокот на најбогати во моментов врз основа на индексот на милијардери во Блумберг.

Топ 10 најбогати луѓе на планетата се мажи, Џеф Безос (Амазон, нето вредност: 181 милијарда долари), Елон Маск (Тесла, нето вредност: 179 милијарди долари), Бил Гејтс (Мајкрософт, нето вредност: 139 милијарди долари), Бернард Арно со своето семејство (LVMH, нето вредност: 125 милијарди долари).

На петтото место е Марк Цукерберг (Фејсбук, нето вредност: 102 милијарди долари), по него Ворен Бафет (Беркшир Хатавеј, нето вредност: 99,4 милијарди долари), Лари Пејџ (Гугл, нето вредност: 94,7 милијарди долари), Сергеј Брин (Гугл), нето вредност: 91,6 милијарди долари), Стив Балмер (поранешен извршен директор на Мајкрософт, нето вредност: 85,2 милијарди долари) и Мукеш Амбани (Reliance Industries Ltd, нето вредност: 83,1 милијарди долари).

Мажите кои управуваат со светот кога станува збор за финансиите се Бафет, Даниел Гилберт, Томас Петерфи, Џим Симонс, Стивен Шварцман, Р. Бади Хартоно, Реј Далио.

Најбогата жена на светот е наследничката на Лореал, Франсоаз Бетанкур Мејерс, која има богатство вредно 76,8 милијарди долари и удел од 33% во козметичкиот гигант, според податоците од 2020 година. Нејзината сметка пораснала за околу 14 милијарди долари минатата година, бидејќи акциите на Loreal скокнаа за околу 25 проценти.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk