logo
logo
logo

Најавена хотел-кула „Трамп тауер“ на Голд Коуст во Австралија

Vecer | 23.02.2026

Најавена хотел-кула „Трамп тауер“ на Голд Коуст во Австралија

- Развојот на хотелот кула „Трамп интернејшнл“ на Голд Коуст е мојата цел речиси 20 години, и тоа ќе биде највисоката зграда во Австралија пред крајот на оваа деценија - изјави извршниот директор на „Алтус“, Дејвид Јанг. - Со висина од 340 метри и 91 кат, ќе ја надмине зградата „Австралија 108“ во Мелбурн за 15 метри и ќе ги остави сите други австралиски одморалишта зад себе кога станува збор за луксуз... Изградбата на кулата во рамките на крајбрежните одморалишта Сурферс парадајс на Голд Коуст требаше да почне оваа година - додаде Јанг.

Австралискиот радиодифузер Еј-би-си“ (ABC) објави дека инвеститорите веќе имаат одобрение од надлежните власти за кула од 89 ката. Во тој контекст, заменик-градоначалникот Марк Хамел изјави дека дополнителните два ката на идната „Трамп тауер“ допрва ќе треба да се разгледуваат.

Според податоците, сепак, во истиот комплеск се планира друга зграда од 393 метри и 101 кат, што веројатно нема да ѝ дозволи на новата кула на брендот на претседателот на САД и бизнисмен, Доналд Трамп, да биде највисока во државата-континент. Јанг вели дека конечниот договор бил потпишан во февруари во имотот Мар-а-Лаго на Трамп во американската сојузна држава Флорида.

- Сега сме длабоко во процес на дизајнирање, инженерство, изградба и опремување што ќе чини малку помалку од 1,5 милијарди австралиски долари (милијарда американски долари / 850 милиони евра, з.п.) и ќе го донесе водечкиот светски бренд на хотели и одморалишта на нашите брегови. Тоа ќе биде австралиски, а не американски проект, и одлуките за мебелот ќе ги донесе подружницата на „Алтус“ во рамките на барањата за дизајн на Трамп, нагласи австралискиот инвеститор.

Јанг рече и дека, сепак, над влезната врата на зградата ќе стои натпис „Трамп“.  

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk