logo
logo
logo

НА ЖЕНА И АМПУТИРАЛЕ РАЦЕ И НОЗЕ ПОРАДИ РИБА! Ја нападнала бактерија „месојада“, едвај преживеала - ова се СИМПТОМИТЕ

Vecer | 20.09.2023

НА ЖЕНА И АМПУТИРАЛЕ РАЦЕ И НОЗЕ ПОРАДИ РИБА! Ја нападнала бактерија „месојада“, едвај преживеала - ова се СИМПТОМИТЕ

Лекарите морале да и ги ампутираат рацете и нозете на една жена откако јадела недоволно зготвена риба...

Експертите често предупредуваат и советуваат колку е важно правилното чување и подготовка на храната за нашето здравје. Одредена храна, недоволно варена, може да предизвика ризик од труење од разни бактерии, како што се салмонела, ешерихија коли или листерија.

Но, понекогаш, мерките на претпазливост што се преземаат при готвење храна едноставно не се доволни. Лаура Барахас, 40-годишна мајка од Сан Хозе, Калифорнија, морала да и ги ампутира рацете и нозете откако добила бактериска инфекција од недоволно зготвена риба тилапија.

Минатиот јули, Барахас ги почувствувала првите симптоми откако конзумирала тилапија, вид слатководна риба, купена на локалниот пазар во Сан Хозе. Наводно си готвела риба дома. Според нејзината блиска пријателка, здравствената состојба на Лаура била критична. За малку ќе го загубила животот. Беше на вентилатор и лекарите ја ставија во медицински индуцирана кома. Нејзините прсти, стапалата и долната усна беа црни. Таа добила и сепса, а бубрезите и откажале.

Откако била хоспитализирана, на Лаура и била дијагностицирана Vibrio vulnificus, многу агресивна бактерија која често се нарекува „бактерија што јаде месо“.

Според експертите, знаците и симптомите на инфекција со Vibrio vulnificus, или некротизирачки фасциитис, може да вклучуваат: водена дијареа, често придружена со стомачни грчеви, гадење, повраќање и треска. Има и инфекција на крвотокот со треска, низок крвен притисок и пликови на кожата. Можна е и појава на заразени рани, кои може да се прошират на остатокот од телото придружени со треска, црвенило, болка, оток, топлина, промена на бојата и исцедок.

Начините на кои можете да се заразите со оваа бактерија е да јадете нешто што е загадено со неа, а друг начин е да имате исеченица или тетоважа изложена на вода каде што живее оваа бактерија. Лекарите посочуваат дека е

бактерии особено опасни за луѓето со ослабен имунитет.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk