„Принцезата и нејзиниот вереник Дурек Верет сакаат појасна разлика меѓу нивните активности и кралското домаќинство“, соопшти палатата.
„Ова значи дека таа повеќе нема да ја користи титулата принцеза и нема да ги споменува членовите на кралското семејство на нејзините социјални мрежи, во медиумски продукции или како дел од други комерцијални активности“, се додава, наведувајќи дека Марта Луиз „ќе ја задржи титула“ принцеза.
Најстарата ќерка на норвешката кралска двојка и четврта во редот за наследување на круната. 51-годишната принцеза решила да започне нов живот со самопрогласениот духовен водич популарен во Холивуд Дурек Верет. Во јуни објавија дека се вериле.
Принцезата, која важи за ексцентрична, тврди дека може да комуницира со ангели, на што се обидува да ги научи другите.
Дурек Верет се претставува како „шаман од шестата генерација“, а меѓу своите ученици ги вбројува Антонио Бандерас и Гвинет Палтроу. Повеќе од половина од Норвежаните не ја поддржуваат двојката и сакаат Марта Луиз да се откаже од титулата принцеза, бидејќи таа веќе се откажала од повеќето титули, вклучувајќи ја и титулата кралско височество.
Принцезата се разведе од првиот сопруг, кој потоа изврши самоубиство.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата