Бабичка од Киев се жалела дека секој ден и пречи гласна музика и бучавата од младите луѓе кои се собираат на клупа близу нејзиниот прозорец.
Бидејќи по неколкуте нејзини апели и алармирање на полицијата, ништо не се сменило, таа решила да земе рачна пила и да ги исече штиците на клупата, за никој повеќе да не може да седи и да прави бучава.
Фотографиите на бабичката во „акција“ најпрво се појавија на Телеграм, а подоцна се раширија на социјалните мрежи со смешни коментари.
Освен шеги имаше и такви кои целосно ја разбираа.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата