Приказната на храбрата Џулија Лин Олсон (67) е повеќе од инспиративна.
Џулија Лин Олсон (67) денес е љубител на фитнесот, а поминала неверојатен животен пат обележан со тешки болести и сложени операции. На крајот од сето тоа таа излегла посилна од кога било.
Како дете, Џулија била активна во пливање и трчање, но нејзиниот живот се срушил кога на само 11 години ѝ бил дијагностициран дијабетес. Заедно со таа болест добила и низа други здравствени проблеми - невропатија, слепило, срцеви заболувања и откажување на бубрегот, што ја отежнало нејзината физичка активност.
- Имаше денови кога не знаев дали ќе ја преживеам ноќта - се присетува Џилија на најтешките моменти.
Кога на 34-годишна возраст ѝ откажале бубрезите, лекарите ѝ дале две опции: живот на дијализа, со прогноза дека веројатно нема да го доживее 40-от роденден или експериментална трансплантација на бубрег и панкреас.
- Го сакав животот без дијабетес - изјавила таа за Women's Health.
Иако операцијата била исклучително ризична, сепак била успешна. Но, нејзината здравствена борби не завршила тука. Во текот на своите 40-ти, таа имала сериозни компликации со срцето и морала да направи троен срцев бајпас, а набргу потоа ѝ била отстранета и тироидната жлезда. И покрај се, Јулија на шеесет и две години решила да сврти нова страница и да почна да вежба.
Таа пронашла тримесечен предизвик на Интернет за лица постари од 40 години кој бил фокусиран на кревањето тегови и здравата исхрана.
- Не очекував да победам, но по три месеци напорна работа го добив предизвикот. Сега вежбам пет пати неделно со личен тренер. Секој тренинг трае 45 минути и има за цел зајакнување на горниот и долниот дел од телото. Мојата сила сега го доживеа својот врв. Неодамна со нозете успеав да подигнам импресивни 204 килограми, што е мој личен рекорд, со оглед на тоа што никогаш претходно во мојот живот не кревав тегови – истакнала таа.
Покрај вежбањето, Џулија посветува големо внимание и на исхраната.
- Многу внимавам да додадам боја во чинијата - вели таа, истакнувајќи дека протеините, сложените јаглехидрати и здравите масти се основата на нејзината исхрана.
- Сè уште јадам десерт кога ќе посакам - додава таа со насмевка, нагласувајќи ја важноста на рамнотежата и уживањето во храната.
Тренерот на Џулија забележал колку е голема нејзината страст за тренинзите и ја охрабрувал да се обиде и во натпреварите по фитнес и бодибилдинг.
- Отпрвин не можев да верувам дека некој би посакал да ме види во бикини, но решив да го прославам своето тело. Горда сум што можам да ги надминам здравствените предизвици. Одењето во сала за вежбање стана мој доказ дека телото ми е неверојатно отпорно. Силна сум, горда и способна. После децении болести, конечно се чувствувам добро и ќе направам сè за да останам на тој пат - изјавила таа, која на 64-годишна возраст, на 30-годишнината од трансплантацијата, се натпреварувала и победила.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата