Полицијата интервенирала и ги запишала имињата на секое дете, а потоа ги повикала нивните родители и им наредиле да платат казни од 43 евра.
Децата наводно играле фудбал на забрането подрачје, нарушувајќи го јавниот ред, според официјално писмо предадено на родителите.
Казната може да достигне 500 евра ако не се плати во рок од 60 дена, но еден од родителите рекол дека не сака да ја плати и планира да поднесе жалба на пресудата до градоначалникот на Венеција, Луиџи Бруњаро, објави „Гардијан“.
Казните се изречени според прописите донесени во 2019 година со кои се забрануваат игри со топка во некои делови од Венеција.
Случајот предизвика јавна дебата, при што некои локални службеници тврдат дека полицијата реагирала непропорционално и се прашуваат кои се приоритетите во градот оптоварен со масовен туризам, џепарење и намалување на населението.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата