logo
logo
logo

Мрачна вистина за познатиот КАРНЕВАЛ ВО РИО за која сите МОЛЧАТ

Vecer | 05.03.2025

Мрачна вистина за познатиот КАРНЕВАЛ ВО РИО за која сите МОЛЧАТ

Рио де Жанеиро повторно е епицентарот на спектаклот – традиционалниот карневал, еден од најголемите фестивали во светот, кој се одржува од 28 февруари до 8 март.

Додека милиони луѓе го слават враќањето на овој раскошен настан, контроверзите не изостануваат – додека некои уживаат во музиката и танцувањето, други остро го критикуваат настанот за сексуализацијата на танчарите и зголемувањето на насилството.

Карневалот во Рио: Враќање на спектаклот

Годинава фештата продолжува со уште попровокативни костими и изведби. 

Самба танчарките, познати како „reine de bateria“, повторно се во центарот на вниманието, но не само поради нивната спектакуларна кореографија - нивната улога на Карневалот предизвикува дебати за родовата еднаквост и безбедноста на жените.

Контроверзии и предрасуди: Жените на удар на критиката

Вивиен Мораис Фереира Гимараеш, која дење продава брза храна, а ноќе танцува самба за училиштето Унидос до Порто да Педра, истакнува дека таа и нејзините колеги често се изложени на навреди и предрасуди.

„Поради начинот на кој сме претставени, луѓето не навредуваат и сугерираат дека се занимаваме со проституција“, вели таа.

Со слични проблеми се соочува и танчарката Рајане да Силва Фереира, претставник на школата „Acadêmicos do Salgueiro“.

„Не малтретираат секогаш и секаде“, нагласи таа уште пред пандемијата, додека Фернанда Флорентино, членка на неколку школи за танц, потврдува дека сексуалното вознемирување не е ограничено на настапите за време на карневалот.

Цената на карневалот: Подемот на насилството и социјалните последици

Освен предрасуди, статистиката укажува и на зголемување на насилството за време на фестивалот. Полициските извештаи покажуваат дека насилството врз жените за време на карневалот е зголемено за 174 отсто од 2015 година.

Покрај тоа, секоја година се евидентираат стотици пријави за расизам, сексизам и хомофобија, додека кражбите и обидите за силување се вообичаени.

Новинарот и професор на Универзитетот во Сао Паоло, д-р Розане Борхес истакнува дека карневалот често ги прикажува жените на начин што ги сведува на сексуални објекти, а во исто време ја истакнува расната дискриминација присутна во бразилското општество.

Карневалот го слави животот, но дали се неопходни промени?

И додека светот добива фотографии од танцување, радост и раскошни костими од Рио, вистината за фестивалот останува во втор план.

Карневалот сè уште привлекува милиони туристи и носи значителни приходи во Бразил, но се поставува прашањето - што е потребно за да се промени имиџот на овој спектакл?

Засега, се чини, дека одговорите на тоа прашање се во втор план, додека веселата атмосфера прикрива сериозни социјални проблеми.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk