logo
logo
logo

Млад месар од Италија почина по дводневна треска, го тестираат семејството и пријателите

Vecer | 13.01.2025

Млад месар од Италија почина по дводневна треска, го тестираат семејството и пријателите

Веднаш по неговата смрт, започнала истрага и тестирање на неговите најблиски членови на семејството, како и пријатели за да се утврди дали некој од нив бил заразен со оваа болест, пишува Месаџеро.

Инаку, Јан работел како месар и бил познат во својот град. Веста за неговата смрт ги изненади сите негови сограѓани, од кои многумина лично го познавале.

Младиот човек два дена пред смртта имал висока температура придружена со треска, но сето тоа изгледало како „обичен“ грип. За жал, приказната имала трагичен епилог само два дена подоцна.

„Со тешко срце и длабока тага мораме да ја споделиме веста со вас. Нѐ погоди како гром од ведро небо. Нашиот пријател, составен дел од нашето семејство, Јан Булагани, неочекувано почина на возраст од од 33. За нас тој беше повеќе од колега - работеше со нас девет години, беше столб на нашата продавница. Неговото заминување остави празнина“, напишаа од месарницата во која работел Јан.

Менингитис Б се пренесува преку капки испуштени од заразени луѓе кои зборуваат, кашлаат или киваат на растојание помало од еден метар. Периодот на инкубација е од 2 до 10 дена, обично 3 до 4 дена.

Иако е невообичаен, менингитисот Б (MenB) е сериозна инфекција. Таа е предизвикана од бактеријата Neisseria meningitidis од групата Б, која може да предизвика инфекција на мембраната што го опкружува мозокот и 'рбетниот мозок. Може да предизвика и септикемија, сериозна инфекција на крвотокот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk