logo
logo
logo

Мажена, разведена или сама? Психолог ја реши трилемата и дал одговор кои жени се најсреќни, а сигурно не го очекувавте овој одговор

Vecer | 11.09.2023

Мажена, разведена или сама? Психолог ја реши трилемата и дал одговор кои жени се најсреќни, а сигурно не го очекувавте овој одговор

Повеќето жени се соочуваат со притисок да бидат успешни во нивните кариери, а притоа да не ги запоставуваат своите семејства и деца. Овој двоен товар може негативно да влијае на нивната емоционална благосостојба.

Психологот Лори Велш забележува дека жените често се по наклонети да побараат стручна помош кога им е потребна, што може да помогне да се надминат проблемите. Иако тоа не мора да значи дека се посреќни од мажите, жените често полесно наоѓаат цел и задоволство во животот, што може да придонесе за подобро здравје и подолг живот.

Што се однесува до среќата во однос на емоционалниот статус, истражувањето покажа изненадувачки резултати. Според американските психолози, соло девојките, без емотивен партнер, се најсреќни. Имаат повеќе време за себе, за своите хоби и кариера, што ги мотивира да бидат успешни. Тие, исто така, развиваат силни пријателства, се грижат за себе, уживаат во дружењето, патувањето и спортот и водат исполнет живот. Очекуваат кога ќе најдат партнер, тој да биде потпора, а не пречка.

Сепак, овие резултати се однесуваат главно на девојки кои се помлади, пред триесеттата година од животот. Подоцна во животот, притиснати од биолошкиот часовник, многумина сакаат да основаат семејство и да имаат деца. Сепак, дури и откако ќе се венчаат и ќе станат мајки, некои жени сè уште чувствуваат љубомора на своите сингл пријатели.

Ситуацијата се менува откако жените влегуваат во петтата или шестата деценија од животот. Тогаш многу жени копнеат по партнер со слични интереси, но не се подготвени целосно да се откажат од задоволствата и пријателите кои им се важни. Пријателствата остануваат важни без разлика на возраста, но времето што може да се посвети на саканите варира во различни фази од животот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk