logo
logo
logo

Мајка во автобус се дерела на шестгодишен син

Vecer | 27.03.2025

Мајка во автобус се дерела на шестгодишен син

Акилеј Бајматова е писателка од Киргистан, која во автобус од јавниот превоз доживеала нешто што не можела ни да сонува, а потоа деталите од оваа „силна приказна“ ги споделила со светот.

Понекогаш најважните лекции што ги учиме доаѓаат од сосема неочекувани места. Ахилеј Бајматова, писателка од Киргистан, ја сподели својата трогателна приказна од јавниот превоз, која нè потсетува како еден мал гест на љубов може да ја промени судбината - не само на едно дете, туку и на неговата мајка, и на сите што биле сведоци на тој момент.

Ова е приказна што буди емоции, но и нè потсетува на важноста на нежноста и трпението во секојдневниот живот.

- Најважната лекција што ја научив во животот беше од дете. Тоа беше еднаш додека се возев со јавниот превоз - ја започнала својата приказна Бајматова.

„Момче на околу шест години беснееше до својата мајка, која седеше покрај прозорецот и гледаше надвор, со целосно празен израз на лицето. Таа воопшто не реагираше на детскиот врисок. Детето постојано ја влечеше за ракавот, врескаше и лелекаше. Меѓутоа, таа само немо гледаше во дождот надвор, а детето упорно бараше нешто и не се откажуваше. Одеднаш, жената му ја оттурна раката и извика:

- Што сакаш од мене?!

Детето застана на момент.

- Убаво те прашувам, ШТО САКАШ? Дали воопшто знаеш кој си? Ти си никој! Дали разбираш? Никој! - практично в лице му се извика мајката.

Сите беа потресени.

Момчето тивко ја погледна мајка си и како да му се тресеше главата.

А, можеби и јас се тресев. Чувствував дека лицето ми го облева пот. Се сеќавам дека се прашував кому навистина му се обраќа таа жена, бидејќи веројатно тие прашања сериозно не  му ги поставуваше на момчето?! Знам и дека планирав да станам и да ѝ врескам оти е безвредна мајка и дека штотуку го уби синот. Меѓутоа, додека се спремав за такво нешто, на детето му пријде еден дечко, студент во тексас јакна. Од џебот извади чоколадна лента. Го фати момчето за рака и рече: „Земи го ова, ова е за тебе“. Момчето без збор го зеде чоколатцето. А потоа студентот извади уште едно чоколатце. Детето се двоумеше, но го зеде. А, она што се случи уште ми ги насолзува очите“, раскажала писателката.

- Меѓутоа, момчето не ги отвори чоколатцата. Наместо тоа, ја фати мајка си за рака. Таа не се сврте целосно кон него, туку ја подзаврте главата, многу нервозно. Веројатно сакаше да продолжи да вика. Меѓутоа, тогаш виде дека детето ѝ нуди чоколадо. Го погледна, беше јасно дека е изненадена. Детето ѝ го стави чоколадото в рака - се сетила писателката.

А потоа следел расплет.

-Не сакам, му рече таа.

 Двете чоколадни ленти сè уште беа во раката на детето. Тој не ги тргна настрана.

- Изеди ги ти, навистина не сакам - рече мајката многу понежно.

Сепак, детето и остави едно чоколатце во скутот.

Момчето се држеше до своето.

- Никогаш нема да го заборавам тој момент и таа зрелост. Тоа шестгодишно момче за миг се претвори во маж, а таа од бесна жена стана убава, млада мајка. Долго молчеше, го гледаше, како првпат да го гледа, а потоа го прегрна. И тоа ја прегрна. Потоа го изеде чоколатцето во нејзиниот скут, го отвори и ѝ го даде. Не сакаше да почне да го јаде своето додека не виде дека таа почна да го јаде нејзиното“, истакнала Бајматова.

Како што истакнала, седела, ја набљудувала ситуацијата ѝ си зборувала себеси:

-Ете ти, спасителке, која сакаше да стане и да вреска по мајката, да ја понижува, да ја навредува пред сите. Ќе го направеше тоа и немаше ништо да постигнеш, освен скандал што би ги забавувал другите и навреди што мајката би ги истурела врз некого. И, студентот постапи многу подобро од тебе, која си многу постара и демек помудра. Тој не залудно му понуди две чоколатца на детето“ - помислила Бајматова, восхитувајќи се и на младиот човек и на реакцијата на детето.

Возењето продолжило, младиот човек излегол, а мајката и синот седеле прегрнати.

- И јас се симнав. Размислував многу за тој ден и ми требаше долго време да сфатам каква е таа лекција. Конечно ја разбрав неодамна - ги учиш другите со пример. Не ги учиш со викање, удирање и навредување. Само давањето примери помага, ништо друго. И тоа мало момче ѝ даде пример на мајка си и ја промени неа, и сите нас во автобусот – заклучила познатата писателка Бајматова.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk