logo
logo
logo

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во Македонија

Vecer | 31.12.2025

Лука и Хана најпопуларни имиња за новороденчињата во Македонија

Традиционалните, но и модерните имиња продолжуваат да бидат избор на родителите, кои сè почесто се одлучуваат за кратки и звучни имиња со силно значење.

Државниот завод за статистика (ДЗС) во својата публикација  „Северна Македонија во бројки 2025“ објави дека меѓу машките бебиња, најпопуларни биле имињата Лука, Дамјан, Матеј, Марко, Михаил, Јаков, Давид, Јован, Петар и Матео, додека кај девојчињата најчесто се избирале Хана, Јана, Софија, Дуа, Ана, Јована, Миа, Мила, Сара и Бисера.

Според последните податоците на ДЗС, во текот на 2024 година во земјава се родени вкупно 16.061 дете. Од нив, 8.277 се машки, а 7.784 женски бебиња, што ја потврдува благата доминација на машките новороденчиња.

Статистиката покажува дека, и покрај демографските предизвици, родителите и натаму ја негуваат традицијата, но и отвореноста кон нови и современи имиња.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk