logo
logo
logo

Лекарите 20 години и велеле дека дамката на јазикот не е опасна, а потоа дознала дека ја чека борба за живот!

Vecer | 29.09.2025

Лекарите 20 години и велеле дека дамката на јазикот не е опасна, а потоа дознала дека ја чека борба за живот!

Шерон Мореби (54) првпат забележала дамка на јазикот во облик на пајакова мрежа уште пред 20 г. Од тогаш лекарите ѝ велеле дека станува збор за дисплазија, односно раст на абнормални но неканцерогени клетки. Во наредните 18 г, таа имала 8 биопсии и ласерски третман на левата страна на јазикот, а докторите верувале дека дамката не е штетна.

Шерон тврди дека хирургот ѝ кажал дека дамката е последица на „грицкање на јазикот додека спие“, па во следните две години го следела неговиот совет и носела апарат за заби. Но, симптомите постепено се влошувале, чувствувала болки во увото и вилицата, тешко голтала и забележала нова грутка на вратот.

Меѓутоа, како што тврди, лекарите и понатаму ја отфрлале нејзината загриженост, припишувајќи ја состојбата на „менопауза“. Дури во август 2023 г. таа имала уште една биопсија, а резултатите покажале дека има агресивен рак на јазикот поврзан со HPV.

Читав прилог во списание за канцер и се спомнуваа бели дамки, па му се јавив на мојот стоматолог да проври. Од тогаш, низ годините, дамката повторно се враќаше и се ширеше кон задниот дел од јазикот. Веројатно беше со величина на монета. Стално правеа биопсија. Стануваше сè посериозно. Постојано ми велеа дека е дисплазија. Си мислев, не може да биде канцер, имав толку многу биопсии – наведува Шерон.

Два месеци по поставената дијагноза, таа имала операција за отстранување на канцерот од уста, а потоа и реконструкција на јазикот со помош на ткиво од левата рака. За среќа, сега е во ремисија, но и понатаму се чувствува „изневерено“ од здравствените работници.

Немав поим зошто биопсиските наоди беа уредни. Мислам дека ако почекав подолго, веројатно немаше да бидам овде – додава Шерон.

Таа апелира до сите да го слушаат својот инстинкт и да не се откажуваат од деталните прегледи – пренесува Мирор.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk