logo
logo
logo

Кремљ: Путин и Трамп разговараа за хокејски натпревари меѓу двете земји

Vecer | 19.03.2025

Кремљ: Путин и Трамп разговараа за хокејски натпревари меѓу двете земји

Според Москва, Трамп ја поддржал иницијативата на Путин за организирање натпревари во САД и Русија, со учество на хокејските лиги на двете држави.

Во официјалното соопштение на Белата куќа за разговорот не се спомнува хокејот, а Националната хокејска лига (НХЛ) на САД изјави дека за идејата дознала дури по завршувањето на разговорот.

„Што се однесува до разговорот меѓу претседателите Трамп и Путин, НХЛ не беше дел од тие дискусии и не би било соодветно да даваме коментари во овој момент“, се вели во изјавата на лигата.

Познато е дека рускиот претседател Владимир Путин е страствен љубител на хокејот и често учествува во егзибициски натпревари. Тој беше присутен и на натпреварот меѓу Русија и САД на Зимските олимписки игри во Сочи во 2014 година, кој заврши со победа на Американците по изведување пенали.

Ривалството во хокеј меѓу САД и Русија има децениска традиција, започнувајќи од Олимписките игри во Лејк Плесид во 1980 година, кога американските аматери неочекувано го победија тогашниот моќен советски тим, што стана познато како „Чудото на мразот“. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk