logo
logo
logo

Кралот Чарлс, Мик Џегер и Хју Грант на иста маса! Ги собра МАКРОН, а еве го поводот и што се јадело и пиело на СВЕЧЕНАТА ВЕЧЕРА

Vecer | 21.09.2023

Кралот Чарлс, Мик Џегер и Хју Грант на иста маса! Ги собра МАКРОН, а еве го поводот и што се јадело и пиело на СВЕЧЕНАТА ВЕЧЕРА

Британскиот крал Чарлс вчера пристигна во тридневна државна посета на Франција. Кралот и сопругата Камила беа почесни гости на државната вечера во Версај, а на менито имало син јастог и француски и англиски сирења.

„И покрај Брегзит и бидејќи нашите врски се толку стари, знам дека ќе продолжиме да пишуваме дел од историјата на нашиот континент заедно“, рекол францускиот претседател Емануел Макрон во здравица.

 

kralj Čarls, Emanuel Makron

 

Поканети биле околу 160 гости, меѓу кои британскиот актер Хју Грант, рок ѕвездата Мик Џегер, францускиот милијардер Бернард Арно и поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер.

Чарлс и неговата сопруга биле пречекани на аеродромот Орли, и тоа од премиерката Елизабет Борн, а потоа присуствувале на церемонијата во Триумфалната капија, каде им оддадоа почит на француските и британските војници кои загинаа во двете светски војни.

 

Mik Džeger

 

Денеска заедно со Макрон и неговата сопруга Брижит ќе ја посетат катедралата Нотр Дам, која се обновува по пожарот во 2019 година. Потоа во петок ќе го посетат Бордо каде ќе посетат органско лозје.

Кралот, кој течно зборува француски, како и неговата мајка, покојната кралица Елизабета, ја гледа посетата како можност за обновување на односите меѓу двете земји оштетени од хаотичниот Брегзит.

 

Hju Grant

 

„Мораме да го зајакнеме нашето пријателство за да одговара на предизвиците на 21 век“, рекол Чарлс на здравица на гала вечерата.

kralj Čarls, Kamila Parker Bouls, kraljica Kamila, Emanuel Makron, Brižit Makron

 

Чарлс планираше да ја посети Франција во март, но посетата беше одложена поради масовните протести во Франција поради пензиските реформи. Тоа требаше да биде негова прва државна посета како крал.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk