Корморанот завчера бил пред вратата на клиниката „Линкс дер Везер“ („Klinikum Links der Weser“), во Бремен со рибарска јадица заглавена во клунот. Според пожарникарската екипа, направено е сè што било во нивна моќ, заедно со медицинскиот тим. По што, јадицата била остранета, а раната санирана. Откако ѝ била пружена помош, птицата била пуштена во паркот на болницата.

Според противпожарната служба, со оглед на градбата на корморанот-голема птица со долг врат, клиновидна глава и карактеристичен остар клун со закривен врв, рибарската јадица во клунот може да биде многу опасна. Тоа може да доведе до инфекции, болка и неможност за хранење.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата