logo
logo
logo

Копал во дворот, па открил богатство вредно 700.000 евра, златото прво им го понудил на властите

Vecer | 18.11.2025

Копал во дворот, па открил богатство вредно 700.000 евра, златото прво им го понудил на властите

Тој пронашол пет златни прачки и голем број златни монети во земјата, уредно спакувани во пластични кеси. Кога сфатил што открил, ги информирал локалните власти, кои потоа вклучиле државни агенции, вклучувајќи ја и DRAC - регионалната филијала на француското Министерство за култура. Нивната задача била да проверат дали наодот има археолошка вредност. Доколку станува збор за историски значајно откритие, државата можела да полага право на златото, според весникот „Ле Прогрес“, пренесе Дневно.

Злато старо од 15 до 20 години

Сепак, се покажало дека златото е старо само помеѓу 15 и 20 години. Бидејќи секое прачко и монета имале уникатен број врежан на него, полицијата успеала да го пронајде потеклото и да потврди дека не станува збор за грабеж или украден имот. Истрагата откри дека златото било стопено во областа Лион и купено сосема легално.

Според „Ле Прогрес“, францускиот граѓански законик од 19 век го дефинира богатството како „секое скриено или закопано нешто за кое никој не може да докаже сопственост, а кое е откриено по чиста случајност“. Законот дополнително предвидува дека таквото богатство му припаѓа на лицето кое го наоѓа на својот имот.

Човекот, кој сакал да остане анонимен, живеел во куќата само околу една година. Претходниот сопственик починал, па затоа останува мистерија зошто златото било закопано во дворот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk