logo
logo
logo

„Конечно нешто убаво да видам по 48 години живот“: Деца ги зеле знамињата од своите држави и запеале „Југословенка“ – снимката стана вирална

Vecer | 19.06.2025

„Конечно нешто убаво да видам по 48 години живот“: Деца ги зеле знамињата од своите држави и запеале „Југословенка“ – снимката стана вирална

Така, на еден Инстаграм профил се појави видео од денешната младина која во еден глас ја пееше познатата песна на Лепа Брена „Југословенка“.

Видеото, кое има над 63.000 лајкови и повеќе од 2.000 коментари, стана вирално, а на него се гледаат млади луѓе како заедно пеат и ги држат знамињата на државите од кои доаѓаат. Тоа, секако, предизвика бројни реакции во коментарите – иако повеќето беа позитивни и не гледаа ништо лошо во тоа, се појавија и некои негативни – главно насочени кон Југославија.

Југославија одамна престана да постои, но изгледа дека помладите генерации ја наследиле емпатијата и љубовта на своите родители кон соседите, и одлучиле на овој начин да ја покажат.

– Луѓето се делат на добри и лоши! Живејте, дечиња мои, само сакајте се, браќа сме по крв и месо – гласеше еден од коментарите, а други додаваа:

– Конечно нешто убаво да видам по 48 години живот –

– Од Вардар па до Триглав, од Ѓердап па до Јадранот, студент до студент, со чисти детски срца – напиша една корисничка.

– Јас сум Македонка, но ги сакам Србите, Хрватите, Бошњаците, Црногорците... сите сме исти, ве сакам сите – напиша друга корисничка во коментарите.

Нема сомнеж дека децата убаво се забавуваа на оваа журка, а истовремено успеаја да ги воодушеват и многу постари генерации со својот гест, а меѓу лајковите на видеото се најдоа и еден од Северина и друг од Драгана Мирковиќ.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Tema (@__tema__15)

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk