Психолозите и истражувањата нагласуваат дека токму таквите однесувања можат да укажуваат дека бракот повеќе не се заснова на меѓусебно почитување. Според експертите за врски, жените кои не ги почитуваат своите сопрузи често ги избегнуваат следните пет работи.
Слушање со внимание
Кога сопругот ќе одлучи да ги сподели своите мисли и чувства, тој очекува неговата сопруга да го слуша со искрено внимание. Кога има почит, таа ќе покаже интерес, ќе поставува прашања и ќе му даде до знаење дека е навистина присутна. Психологот Гај Итчаков истакнува: „Во свет каде што честопати недостасува искрена комуникација, практикувањето длабоко слушање може да ги излечи односите, да ги намали конфликтите и да ја зголеми емоционалната интимност“.
Кога недостасува почит, трпението за слушање брзо исчезнува - жената превртува очи, гледа во мобилниот, или дури и заминува среде разговор, пренесува YourTango.
Покажување физичка наклонетост
Еден од знаците за постоење почит во бракот е физичката блискост. Некогаш вообичаената прегратка после работа или бакнежот пред спиење исчезнуваат кога жената повеќе не чувствува потреба да му покаже на својот сопруг дека го цени.
Бихевиоралната аналитичарка, Венди Л. Патрик нагласува: „Здравата дискусија придружена со соодветен емоционален израз ќе ја зголеми способноста односот да се одржи и да ги издржи конфликтите, но и ќе им обезбеди на партнерите сигурност дека нивната меѓусебна љубов и почит ќе траат подолго од привремените несогласувања.“
Кога физичката нежност ќе ја снема, оддалеченоста се зголемува и партнерите почнуваат да се чувствуваат повеќе како цимери отколку како сопружници.
Поминување време заедно
Одвојувањето време за вашиот сопружник е еден начин да му покажете дека тој сè уште е приоритет. Иако вашите обврски може да бидат бројни, заедничките вечери, филмските вечери или вечерниот состанок испраќаат пораката дека вашиот партнер е важен. Сепак, сопругата која повеќе не го почитува својот сопруг ќе ги избегнува таквите моменти.
Наместо заедничко дружење, ќе претпочита да биде со пријатели, во друга соба или да се врати дома што е можно подоцна. Истражувањата покажаа дека количината на време поминато заедно не е клучна за одржување на врската, туку содржината на тоа време го одразува нивото на задоволство во бракот. Кога сопругата систематски ги избегнува заедничките моменти, нејзиниот сопруг може да се чувствува сосема неважен.
Прослава на неговиот роденден
Родендените се можност да се покаже благодарност и радост што партнерот е дел од животот. Кога сопругата го почитува својот сопруг, таа ќе го одбележи денот со внимателни гестови - од посебен појадок до мали изненадувања. Меѓутоа, кога почитта ќе исчезне, исчезнува и желбата за славење.
Наместо внимателни подготовки, сопругот ќе добие само „среќен роденден“, без никаква вистинска прослава на денот, поради што ќе има впечаток дека неговиот роденден станал обичен ден без значење.
Споделување тајни
Отвореноста и довербата во партнерот се важни темели на бракот. Споделувањето тајни, големи и мали - од грижи и соништа до ситни мисли - гради доверба и интимност. Кога сопругата го почитува својот сопруг, таа нема да се двоуми да покаже ранливост.
Меѓутоа, ако престане да ги споделува своите мисли и чувства, сопругот ќе се чувствува исклучен и дека сопругата повеќе не му верува. Таквото однесување може полека да ги еродира темелите на бракот сè додека не останат само болка и огорченост.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата