На вселенскиот брод има тројца астронаути меѓу кои и една жена. Тие непречено слетаа на Вселенската станица „Тијангонг („Небесна палата“) во 4:00 часот по македонско време.
Со ова, Кина станува вселенска сила, со свое вселенско летало со екипаж во Космосот.
Главната цел на оваа азиска држава е со свое летало да слета на Месечината во догледно време, пренесуваат западни медиуми.
Исто така, наводно, се планира и изградба на нова меѓународна научноистражувачка база на природниот сателит на Земјата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата