До 3 април во киното КИНОВЕРЗУМ, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода ќе има проекции на филмови од минатите изданија на КИНЕНОВА, а приходот од влезниците ќе биде наменет за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.
-По најголемата трагедија во поновата македонска историја, ние како фестивалски тим одлучивме дека програмата која требаше да биде само наговестување за десеттото, јубилејно издание на МФФ КИНЕНОВА 2025, да им ја посветиме на настраданите во големата несреќа во Кочани со давање хуманитарен карактер на истата. Колкава и да е таа капка на материјална и духовна поддршка за блиските на настраданите, сакаме да се обидеме да придонесеме кон влевањето на надеж и да покажеме минимум одговорност, но во исто време и со иста љубов да оддадеме длабока почит за оние невини души кои ги загубија животите и оние кои го жртвуваа својот за да ги спасат животите на останатите, велат од КИНЕНОВА.
Оттаму ја повикуваат публиката да ги посети проекциите на филмовите кои, како што велат, внимателно ги избрале и обезбедиле, а кои се дел од најистакнатите и наградени филмови на минатите изданија на КИНЕНОВА и со присуството и купената влезница да придонесе во нивната мисија.
Целокупниот приход од влезниците на овој настан ќе биде наменет за семејствата на настраданите во несреќата во Кочани.
Настанот ќе се одвива до 3 април во киното КИНОВЕРЗУМ, во Домот на културата „Билјана Беличанец“ во Кисела Вода.
31.03.2025 / 20:00ч. (ПОНЕДЕЛНИК)
ХОТЕЛ ПУЛА (Hotel Pula) на Андреј КоровљевХРВАТСКА, 2023 / 95мин.
Режија: Андреј КоровљевУлоги: Ермин Браво, Ника Грбеља и др.
01.04.2025 / 20:15ч. (ВТОРНИК)
КАФУЛЕ (Café)
ИРАН / 2023 / 93мин.
Сценарио и режија: Навид Михандуст (Navid Mihandoust)
Улоги: Масуд Карамати, Маса Маџур, Сетаре Малеки
02.04.2025 / 20:15ч. (СРЕДА)
ЗАД СТОГОВИТЕ СЕНО (Behind The Haystacks)
ГРЦИЈА, ГЕРМАНИЈА, Н.МАКЕДОНИЈА / 2022 / 1Ч 59мин.
Режија: Асимина Проедру
Улоги: Статис Стамулакатос, Елени Узуниду, Евгенија Лавда, Нино Леви
03.04.2025 / 20:15ч. (ЧЕТВРТОК)
НА СЕ’ ЌЕ ДОЈДЕ КРАЈ (It All Ends Here)
Хрватска, Македонија, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Турција, Бугарија / 2024 / 89мин.
Режисер: Рајко Грлиќ
Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ, Мирослав КрлежаУлоги: Jелена Ѓокиќ, Живко Аночиќ, Борис Исаковиќ,Јанко Поповиќ Волариќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, Марина Реџеповиќ, Петре Арсовски
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата