logo
logo
logo

Кина „загрижена“ поради повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор

Vecer | 21.01.2025

Кина „загрижена“ поради повлекувањето на САД од Парискиот климатски договор

- Климатските промени се заеднички предизвик, со кој се соочува целото човештво и ниту една земја не може да остане незасегната или сама да го реши проблемот, изјави портпаролот на кинеското Министерството за надворешни работи Гуо Џиакун.

Пекинг денеска соопшти дека се надева на соработка со Вашингтон за решавање на трговските прашања, откако американскиот претседател Доналд Трамп го почна вториот мандат, при што се закани дека ќе воведе високи царини.

- Кина е подготвена да го зајакне дијалогот и комуникацијата со САД. Се надеваме дека САД ќе соработуваат со Кина за заеднички да промовираат стабилност … развој на кинеско-американските економски и трговски односи, наведе Гуо.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk